Треба да го ескалираме проблемот, станува ист како со Грција. Треба да престанеме да разговараме за идентитетот, да го известиме Брисел и САД. Треба да прекинеме да зборуваме за историја и малцинство. Треба да зборуваме за прагматични теми, образование, наука, транспорт, затоа што вака влегуваме во замка. Сакаме крај на делот за преговорите за јазикот и историјата. Две години ги изгубивме, ова нема да заврши. Барањата на Бугарија се јасни, иста е нивната политика, смета поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски за актуелната политичка ситуација меѓу Македонија и Бугарија.
Димовски тврди дека треба да се нацрта линија.
-Изгубивме премногу со Преспанскиот договор. Не треба да одиме како јагниња на колење. Ваквите анализи и залагања на луѓе како Бучковски и Георгиевски треба да се стават во канта, објаснува членот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, не се очекува скоро почнување на преговори со ЕУ.
-Сметам дека нема да влеземе во ЕУ за 20 години и граѓаните треба да се соочат со реалноста. Не го кажувам ова како навреда, туку така е како што е, вели Димовски во Дневникот на ТВ Сител.