Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на Твитер го искоментира повикот на премиерот на државава, Зоран Заев кон опозицијата заедно да прават Влада.
„Единствена заедничка позиција на сите е дека на Македонија и треба друга Влада“, вели Димовски.
Единствена заедничка позиција на сите е дека:
На Македонија и треба друга Влада…
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) March 6, 2021
Заев во интервју за „Слободен печат“ изјави дека нудат соработка од секој можен аспект, но, како што вели, треба да има и човек од другата страна за да се разговара.
„Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицкоски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема нека го тргнат и Заев само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот“, изјави Заев.