381
Македонија пред 4 години беше држава која што имаше шанси да започне преговори за членство со ЕУ, смета поранешниот пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Според него, „после двата катастрофални договори со Бугарија и Грција, Македонија сега единствено што може да добие е да стане составен дел од некаква Шенгенославија или некаква таква формулација“.
-Пред 4 години имавме подобра позиција на својата интегративна патека од тоа што е денеска. Денес имаме сигнало дека Македонија е во пакет со БиХ и Косово. Со влегувањето во Отворен Балкан, ние влеговме во критични и кризни позиции со БиХ и Косово. Надворешната политика ги промаши своите правци, рече Димовски.