Димовски: Можни се злоупотреби и на петтиот пакет мерки

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во своето вчерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат изрази стравување дека опцијата од петтиот пакет економски мерки за помош на работодавачите за исплата на плати преку поволни кредити би можела да биде злоупотребена.

Како што вели, несовесни работодавачи би можело тие средства да ги употребат за друга намена.

„Никаде не пишува дека тие кредити се за субвенционирање на плати. Нас како синдикати треба да нѐ плаши, бидејќи несовесните работодавачи на кои убаво им се кажува дека тие пари се наменски, за субвенционирање на плати за нивните работници – не ни ги дадоа, а не па за субвенционирање со некој кредит со кој тој работодавач ако има дупки, ќе бара да си плати данок, да си покрие не знам што…“, вели Димовски.

Слични содржини