Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски суштински не очекува ништо од лидерската средба во понеделник и вели дека „тематски е промашена“.
-Јасни околностите околу можноста овој состав на Парламентот да разговара за внесување на Бугарите во Уставот, освен со злоупотреба на Јавното обвинителство. Ниту теоретски шанси нема, но и со тоа, нема теоретски шанси. Дневниот ред на оваа лидерска средба треба да биде сконцентиран на други теми, вели Димовски во емисијата „Вин-вин“.
Тој вели дека нема многу време за евентуални уставни измени.
-Мислам дека ќе биде некаков обид да се набилда провладиниот мегафонски дел од јавноста каде што ВМРО-ДПМНЕ треба да биде ставена во некако ќош и да се обиде да отвора тема, наместо да зборуваме за економија, инфлација, енергетика. За Бугари во Устав нема простор да се обезбедат 80 пратеници, рече Димовски.