Зошто власта протестира против себе? Звучи лудо, нели? Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!Токму таму кај што е најслаб, го советувале да покаже дека е силен противник, за да створи забуна и да намали штета по себе и по рејтингот на СДСМ, напиша на Фејсбук пратеникот, Илија Димовски.
Оваа патека на СДСМ оди по логиката која, за жал, еднаш му успеа, која е: држете го крадецот. Но нашиот мудар народ низ вековите рекол дека: најсилно вика држете го крадецот, оној кој е најголем крадец.Наместо правна држава, тој и неговата Влада, предизвикаа комплетен распад на правната држава. Распад на СЈО, партизација на ЈО и бламажа на судството. Факт констатиран од целокупната јавност. А министерката стооо…
Зошто е тоа така? Што се случуваше во минатите три години? Затоа што СЈО, ЈО и судството, посебно судовите низ Скопје, се претворија во локални штабчиња на СДСМ, каде што не само политички, туку се тераа и огромни стопански предмети (тие секогаш беа скриени зад прашината што се креваше од некои медиуми за политичките предмети)…
Политичките предмети служеа за уцени, “вразумување”, притисок и остварување на политичка корист.
На пример, последното гласање ЗА на Законот за ЈО во Собрание беше со најмалку 13 пратеници (3 од ДУИ, 3 од СДСМ,… и од скоро сите пратенички групи) под директен притисок од отворени, затворени или сеуште “тајни” постапки за нив лично или за нивни блиски луѓе.
Значи, за опозицијата бламажа пред јавност, а за своите непослушни и за коалиционите партнери притисок и уцени со предистражни и истражни постапки подготвени од локалните штабчиња на СДСМ.
Зошто власта протестира против себе? Звучи лудо, нели?Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега…
Публикувахте от Ilija Dimovski в Вторник, 18 февруари 2020 г.