301
„Првпат во модерните земји ќе има попис на ваков начин, односно дијаспората да се попише со апликација. Стандардите на Евростат и на ОН се дека се попишуваат резидентното население, кое што во последните 12 месеци, престојувало на земјата“, вели поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски за емисијата „Топ тема“.
Тој истакна дека ние сега ќе попишуваме и луѓе кои 10 години не живеат во Македонија.
„Ќе имаме попишани луѓе во Виена, Цирих, Берлин, Берн итн, кои што во исто време ќе се попишуваат и во нивните матични држави, односно на две места. Тоа е еден од двата суштински проблеми, со овој попис“, смета Димовски.