Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски смета дека ние не треба премногу да се продлабочуваме кој ќе биде премиер во Бугарија или кој ќе биде претседател.
-Треба да изнајдеме национална стратегија и единство и да престанеме да бидеме дел од бранот на туѓи иницијативи, дали француски или бугарски, вели Димовски во емисијата „Топ тема“.
Според него, „не е јасно како сега бараме заштита на идентитетот и јазикот, кога до вчера ни тврдеа дека тоа е завршена работа со Преспанскиот договор“.
-Нас ќе не цени ЕУ дали унапредуваме врз основа на исполнувње историски критериуми кои што Бугарија ги црта. Сега кога зборуваме за екологија и животна средина, ќе треба да решиме дали Христо Узунов е Бугарин или Македонец. Кога ќе зборуваме за транспорт и врски, ќе треба да решиме дали Јордан Пиперката е Бугарин или Македонец. Државата направи катастрофална грешка, од почеток требаше да го одбие францускиот предлог, за праќање сигнал до државите во ЕУ дека за овие работи не сакаме да го разговараме, оценува Димовски.