Избори се случуваат во многу држави во Европа. Словенија, Србија, Унгарија…Ние не смееме да ги запираме политичките процеси под закана на некаква опасност. Тоа е лоша логија, која може да оди екстремни димензии. Оваа влада ја имаме на власт со неколку кризни состојби. Имавме здравствена криза и поминавме со најлоши параметри. Имаме економска криза, ги гледаме параметрите, голема е инфлацијата, нема капитални инвестиции, не се градат патишта. Се наоѓаме на социјален притисок. Ако пред две недели сте купувале со 1000 денари, сега не можете да наполните една кеса. Ги чувствуваме првите директни последици од војната во Украина, вели поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Димовски додава дека клучното прашање во економскиот дел е дали оваа Влада има капацитет како тим да се справат со најтешката економска година.
-Јас мислам не. Истите министри се. Од тој аспект неопходно е да има избори. Бивши министри најавуваат дека се потребни милијарда евра за да поделиме плати. Доаѓаме во ситуација кога со милијарда евра порано можеше долж цела држава да се направат автопати. Ние кога земавме задолжување за капитални проекти како болницата во Штип, имаше паники во општеството, се блокираа процесите и се испраќаа писма до ММФ и Светска банка. Според мене, тимот во Владата не може да се справи со економските состојби. Затоа се потребни избори, посочи Димовски во емисијата „24 анализа“.