Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски смета дека премиерот Димитар Ковачевски преку дрзок речник да одбива средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
-Совесен премиер треба самиот да излезе, да се натфрли на ситуацијата и тој да подаде прв рака во време на криза, порачува Димовски.
Според него, следната Влада ќе треба длабоко да размисли.
-Следната Влада претпоставувам ќе биде од сегашната опозиција односно од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има предизвици, ќе има притисоци од членството, од симпатизерите и.т.н. да има, старите што би рекле мило за драго, но ќе треба многу сериозно да се размисли, да се најдат начини барем по базичните работи, да се отстранат овие последици од последниве пет-шест години владеење, вели Димовски во емисијата „Клик плус“.