Димовски сменет од началничката позиција на Интервентна полиција на негово барање, велат од МВР

од Nikola Popovski
309 прегледи

Примислав Димовски повеќе не е началник на Единицата за интервентна полиција. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) во изјава за „Локално“ велат дека тоа е на барање на самиот Димовски.

-Во врска со вашите прашања ве информираме дека лицето за кое прашувате е на негово барање прераспоредено од Единицата за интервентна полиција. Неговата нова позиција според бројот на бодови претставува унапредување од претходната позиција, ни соопштија од МВР.

Димовски претходно беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а од 2019 година беше назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција.

Димовски е исто така и поранешен боксерски шампион.

 

Слични содржини