Формирањето на новиот Универзитет „Дамјан Груев“ ќе биде одговор на многу проблеми кои што ги имаат илјадници студенти и студентки на досегашните факултети, рече на денешната прес-конференција Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
– Јавната тајна дека на дел од факултетите во Скопје и дел од професорите во Скопје, постои чување на монополот, чување на фамилијарните релации и потврдената фактичка состојба со акцијата на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи со која што беа уапсени видни професори од Економскиот факултет во Скопје, ни дава право да кажеме дека дискусијата и дебатата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу новиот Универзитет „Дамјан Груев“ се сведува на дискусија и дебата дали во Македонија треба да го заштитиме монополот на поедини факултети и поедни професори како што се залага СДСМ или пак треба да дозволиме да ја стимулираме и да ја помогнеме конкуренцијата за која што се залага ВМРО-ДПМНЕ – вели Димовски.
Toj рече дека фактот што зад Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе стои државата со целиот свој капацитет, создава гаранција дека овој универзитет ќе биде квалитативно конкурентен исто онака како што ќе биде и Универзитетот „Мајка Тереза“./извор Мета
