Република Македонија има обврска да води сметка за состојбите во светот, но е една од најмалите и најсиромашните во рамките на Европа. Ние не успеваме да обезбедување основни услуги за своите граѓаните. Според мене и граѓаните, Македонија не е способна сама да се грижи за себе, а не за бегалци од Авганистан, вели поранешниот пратеник и функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Според него, во списокот со благодарност од американскиот Стејт Департмент, освен Полска, нема други држави од ЕУ, кои ќе згрижат бегалци.
-Не може Данска, Австрија и Шведска да не примат вакви лица, или Словенија само 20, а Хрватска само десет лица. Денеска владата преку својот портпарол брифираше дека се размислува и за програма за вработување на овие лица. Ние не знаеме дали ќе им помогнеме со привремено или трајно сметување. Премногу се расфрлуваме пред меѓународната заедница“, потенцира Димовски.