Димовски во одбрана на Агатангел: Mоже не е каков што сакаме, ама тој е наш

од Берта Китинска
287 прегледи

Поранешниот пратеник Илија Димовски застана во одбрана на владиката Агатангел, кој вчера излезе со критики за актуелната владејачка гарнитура и повик да се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт.

„МПЦ – ОА е еден од темелите на кои опстојува Македонија и самобитноста на македонскиот народ…Може некој владика да не го сакате, или друг…Нема исти, нема еднакви…Има различни и тие го претставуваат народот…Ако критикувате еден владика, правете го тоа и за друг…Ако ќутите за некој владика, ќутете за сите…Но не фрлајте навреди по МПЦ – ОА и по нејзините великодостојници…Може не се такви какви што сакаме, ама тие се наши…Не би сакал да помислам како би ни било со туѓи…“ – напиша Димовски на својот твитер профил.

Црквата се уште се нема огласено со коментар за овој однос на владиката Агатангел.

Владиката Агатангел вчера во придружба на градоначалникот Митко Јанчев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, во Кавадрци прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето.

За владиката Агатангел, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата и тој верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.

Неговата изјава предизивика рекации на социјалните мрежи:

На човекот треба да му биде дозволено за Свети Трифун само да собира прачки а не да држи говори.Прашање е само дали и за тоа го бива.Тој главно ги погани работите.И само Мицковски не гледа во тоа проблем . А тој што во тоа не гледа проблем и самиот е проблем, пишува во својот коментар на Фејсбук, професорот Ѓорѓи Спасов.

Свој став во врска со денешните изјави на владиката даде и професорката Ана Павловска Данева.

-Многу тажно и срамно кога поп се бави со политикантство. Без оглед за која партија одработува!, пишува професорката.

Слични содржини