Дина Јашари е четврти лауреат на наградата Милан Младеновиќ

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Младата македонска музичарка Дина Јашари со песната „Дома“ е најновиот, четврти лауреат на музичката награда „Милан Младеновиќ 2022“, чиешто доделување се одржа во средата на 21 септември во Белград.

Видно возбудена Јашари однапред се извини што зборува на македонски јазик, бидејќи не зборува доволно добро српски.

„Навистина останав без зборови. Ви благодарам многу што го поддржувавте регионот и не следите нас уметниците во сите области, тоа многу ни значи. Ваквата важна награда е голема поддршка за мене и за мојата музика“, рече таа на доделувањето на наградата на сцената на културниот центар Дорќол Плац во Белград, пренесоа српските медиуми.

Според правилото, кантавторката Ана Ќурчин ѝ ја врачи наградата, како минатогодишна добитничка со баладата „Ту“.

Слични содржини