Дина Јашари минатиов викенд блесна на регионалното музичко небо со настапот на популарното шоу 24 Минути со Зоран Кесиќ каде заедно со Лука Тошев се претставија со двете нумери „Бои” и „Дома” кои неодамна без издадени на нејзиното прво EP.
Дина овој викенд, исто така настапи во полниот Дом Омладине во рамки на конференцијата „Контакт” каде за прв пат и се претстави на Белградската публика.
Овој настап е дел од мини-Балканската турнеја на Дина Јашари, а и преостануваат уште 4 настапи во Хрватска и Босна заедно со македонскиот бенд „21 Век”.