Неизмерно сум им благодарна на македонското Собрание, Владата, медиумите и општеството за неверојатната поддршка и помош за Украина, како и за покривањето и споделувањето на вистинити информации за Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, геноцидот врз украинскиот народ, што продолжува и сега од страна на државата – терорист рф, пишува Амбасадорката ЛАРИСА ДИР, Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија во коментар за „ЦИВИЛ“.
Украина чувствува силна поддршка од демократските земји во светот. Тоа особено беше многу забележливо во рамки на комеморативните настани во светот во чест на почитувањето на споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, што се одржа на 26 ноември 2022 година.
Деновиве, уште четири земји се приклучија кон меѓународното прогласување на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, вештачки создаден од сталинистичкиот режим. Така, парламентите на Германија, Ирска и Молдавија усвоија одлука за прогласување на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Парламентот на Романија го прогласи Гладоморот од 1932-1933 година како злосторство против украинскиот народ и против човештвото.
Целиот коментар на следниот линк!