Дир: Украина крвари, Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет, територијален интегритет

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

„Украинците вторпат по ред го слават Денот на Независноста на Украина во услови на жестока руска агресија против Украина. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари. Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет, територијален интегритет, како и универзалните човечки вредности, односно оние начела и морални принципи кои помагаат да се хармонизира постоењето на луѓето“, изјави денеска амбасадорката на Украина, Лариса Дир, по повод одблежувањето на Ден на украинската независнот во Скопје, цитирана од ЦИВИЛ.

Во своето обраќање Дир нагласи дека Украина и Украинците плаќаат превисока цена за својата независност и слобода.

„Безбедноста зазема посебно место меѓу универзалните човечки вредности. рф уништи дел од европскиот безбедносен простор, меѓународното право, грубо ги прекрши и духот и нормите на хуманитарното право. Тоталитарниот режим на рф ги пропагира идеите за насилство и смрт. Предаторската надворешна политика допре до сите континенти на Земјата. Епицентарот на дуелот е во Украина, но руското зло им се заканува и на другите европски држави.

Од моментот на инвазијата од големи размери на рф на територијата на Украина – од 24-ти (дваесет и четврти) февруари 2022 (две илјади дваесет и втората) година, државата агресор уби илјадници Украинци со ракетни и артилериски гранатирања, ги претвори во пепел процутните градови и села на Украина, украде десетици илјади украински деца, мачеше и малтретираше цивили и воени заробеници“, нагласи Дир.

За да се зачуваат украинските животи и Украина потребна е помош. Таа помош се подобрува секојдневно, нагласи Дир, заблагодарувајќи им се на земјите што пружаат поддршка.

Слични содржини