Бомбите почнаа да распрскуваат на сите страни и во власта и во медиумите. Провладините кријат незгодни прашања до премиерот , не објавуваат , ама опишуваат дека бомбата на Заев пукнала во опзоицијата.Во „опозиционите“ оставка на главниот уредник во Тв 24 вести, цензура во Тв Телма од директорот.
Последниот прилог што денеска пред оставката , го направи Гоце Михајлоски во улога и на главен уредник на телевизијата 24 Вести беше за вистинските прашања што на премиерот денеска му ги постави новинарката од тв Телма, Јасминка Аневска, пишува libertas.mk. Таа директно, како што е професионално и исправно, го праша Груевски како се погледнале во очи со вицепремиерот Ставревски после вчерашата снимка и дали му е лут што во разговорот, Ставрески на Јанкуловска и се исповеда дека сакал телефонот да му го удри од глава на Груевски. По одличниот денешен прилог на Михајлоски, на изненадување на јавноста, но велат не и за новинарската екипа на телевизијата, тој објави дека се повлекол од позицијата главен и одговорен уредник на 24 Вести.Дали само е случаен временскиот трајминг со оставката и прилогот, или интервјуто!?
Новинари од телевизијата за Libertas велат дека врз Михајловски во последно време директорката на телевизијата и програмскиот уредник Зоран Иванов вршеле притисок телевизијата „избалансирано“ да известува за бомбите што ги објавува опозициската СДСМ. Со тоа очигледно не се согласувал Михајлоски и најверојатно тоа е причината за неговото повлекување. Тој свој официјален одговор го даде преку Фејсбук.
Во Телма пак, директни прашања за премиерот предизвикале и вистинска драма на новото уредништво и директорот. Во вестите во 15:30 новинарката Јасминка Аневска која го прашуваше премиерот, го објавила прилогот со целосните прашања и одговори. Но на барање на директорот на телевизијата Атанас Кировски истиот бил забранет да оди во вестите на Телма во 18:40 таков, туку претходно бил променет, а од него биле извадени „незгодните“ прашања и оставени само одговорите на Груевски. Директорот наводно порачал дека со такви прашања за премиерот се уривал авторитетот на тв Телма.
Прашањата освен на 24 Вести, денеска беа емитувани и на Алсат-М телевизија.
Останатите национални телевизии – МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа редовно ги премолчуваат „незгодните“ прашања, а досега не пуштиле и ниту една од снимките кои ги објавува Заев, а на кои се слуша за криминал и злоупотреби од власта. Сосем е небитно дали станува збор за самоцензура или директна од газдите и главните уредници , клучно е дека ја злоупотребуваат новинарската професија и постојано едностарно ја информираат јавноста, само за ставовите на власта и напаѓачки против опозицијата.


