Во Австралија бегалците немаат шанса: властите ги пречекуваат чамците на стотици километри од брегот и ги враќаат назад. А оние кои успеваат да влезат во австралиската земја, брзо се испраќаат во Науру или некаде на друго место.

Со години мотото на австралиската имиграциски политики гласи: “Да ги спречиме чамците!”. Чамците се полни претежно со бегалци од Јужна и Југоисточна Азија, кои се обидуваат да стигнат до Австралија во Индискиот океан или по должината на индонезиските островски групи. Рестриктивната имиграциска политики беше воведена од во меѓувреме отстранетиот од власт премиер Тони Абот, кој постојано и препорачуваше на Европа да го следи австралискиот пример. Неговиот наследник Малком Турнбул, избран во септември 2015, се придржува кон поставено од Абот.
Што се случува пред австралискиот брег?
Австралиските власти пречекуваат чамци со бегалци уште на стотици километри од брегот и ги принудуваат да се вратат назад. Особено внимание привлече еден случај од јули 2014 година, кога австралиската крајбрежна стража пресретнува брод со 41 бегалци од Шри Ланка. Австралиските власти спроведоа со бегалците интервјуа со видео-конференција и ги отфрлија сите барања за азил и ги пренесоа со брод на морнарицата на Шри Ланка. Така австралиската Влада, кој го нарече овој метод “офшор процедура”, ја навлече критиката на меѓународните организации за човекови права. Шефицата на државно финансираната австралиската комисија за човекови права Гилиан Тригс своевремено не можеше да замисли дека активностите на австралиските власти ги “исполнуваат стандардите на Високиот комесаријат за бегалци на ОН или пак на стандардите на која и да било земја, соочена со бегалскиот бран “.
Лавров: САД разбраа дека не можат да ја изолираат Русија
Австралија е единствената земја во светот, која освен што пресретнува чамци уште во морето, се залага и за апсењето на сите нелегални имигранти. Тие сепак не им се приведени на австралиска територија, туку се испраќаат во кампови на Велигденскиот Остров, во островската држава Науру или во Папуа Нова Гвинеја. Во замена австралиските власти нудат помош за развој на овие земји. Владата во Канбера планираше дури да изгради и приемен логор во Камбоџа, но подоцна се откажа од тој план.
Правобранителски организации со години остро ја критикуваат австралиската практика. Тие објавуваа информации дека во камповите има повеќекратни самоповредувања и обиди за самоубиства. Освен тоа, во овие кампови се приведени и деца. Истрага на австралискиот Сенат од септември 2015 година дојде до заклучок дека условите во овие кампови се ” недоволни”. Владата, сепак, ги оспори резултатите и изјави дека од пролетта на 2015 има подобрувања на условите кои не се наведени во извештајот на Сенатот. Сепак, во ноември 2015 година избувна бунт – по смртта на еден затвореник во приемен логор во Науру.
Назад во Науру!
Според австралиското законодавство, дури барањата за азил да бидат конечно одобрени, бегалците треба да останат во повеќето случаи во Науру или во Папуа Нова Гвинеја. Австралиската влада излегува со аргументот дека таму тие не се загрозени од никакво гонење.
Сега Врховниот суд на Австралија ја потврди делумно законноста на миграциската политика на владата. Во средата (03.02.) Судот ја отфрли жалбата на една жена од Бангладеш, која во пролетта 2015 била префрлена во Австралија за раѓањето на детето. Таа поднела жалба против враќањето во бегалскиот камп во Науру. Врховниот суд сепак ја отфрли со аргументот дека приведувањето на островот во Пацификот не противречи на австралискиот устав.
Одлуката на Врховниот суд влијае уште врз 260 други бегалци. Меѓу нив има и 54 деца, кои исто така ќе бидат вратени назад. Најверојатно сите тие ќе бидат екстрадирани брзо во Науру.