522
Генералниот директор на американскиот банкарски гигант „Голдман Сакс“ ја напуштил инвестициската банка откако наводно заработил милиони инвестирајќи во криптовалутата „доџкоин“.
Портпарол на Голдман Сакс потврди дека Азиз Мекмахон, генерален директор и шеф на продажба на нови пазари со седиште во Лондон, ја напуштил инвестициската банка во која работи 14 години.
Сепак, портпарол за „MarketWatch“ изјави дека не е запознат за неговото инвестирање во споменатата криптовалута.
Наводно, Мекмахон заработувал пари инвестирајќи од неговата лична сметка и не бил вклучен во тргување со криптовалути за „Голдман Сакс“.
Се смета дека Мекмахон може да основа свој хеџ фонд.