Директорка на основно училиште тепа ученичка затоа што го расипала компјутерот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
376 прегледи

Директорка на основно училиште во Флорида е под истрага поради удирање на шестгодишно девојче со дрвена летва, бидејќи детето наводно го расипало училишниот компјутер. Целиот инцидент го снимила мајката на девојчето.

Мелиса Картер, директорка на основно училиште во Флорида, е снимена како удира 6-годишно девојче со дрвена летва во нејзината канцеларија. Видеото снимено од мајката на девојчето покажува дека Картер го витка девојчето и ја удира неколку пати.

Директорката го казнила девојчето затоа што наводно му нанела штета на компјутерот. Нејзината мајка тој ден дошла на училиште да ја плати штетата што ја направила нејзината ќерка, а глетката што ја нашла во канцеларијата на директорката ја оставила без зборови.

Одлучила да сними сè за да достави докази до надлежните органи за ужасното однесување на директорката. Целиот случај ги згрози родителите и училишните работници, пишува „Мирор“.

– Никогаш не сум го удрила моето девојче. Ова е недозволиво, не можам да верувам дека се случило такво нешто – рекла мајката на 6-годишното девојче.

Полицијата во Клустон и Одделот за деца и семејства потврдија дека го испитуваат инцидентот и дека директорката во моментов е под истрага. Адвокатот Брет Провински, кој работи со имигранти и е одговорен за случајот на девојчето, рече дека ова може да има трајни последици врз психичката состојба на детето.

– Директорката е под истрага и сигурно ќе биде казнета за она што го сторила. Училиштето не дозволува каква било казна и она што се случи е неприфатливо. Девојчето беше преплашено и се чувствуваше ранливо – рече Провински.

Слични содржини