На денешната прес-конференција, Ивана Гиновска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, се осврна на изјавите на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој, според неа, ширел паника околу последиците од излевањето на технолошка вода во Крива Река. Гиновска изјави дека Митовски не ги објавил прецизно толкуваните резултати од својата анализа, по инцидентот што се случи на 14 март.
Иако Гиновска потврди дека инспекторите не реагирале навремено, таа истакна дека поради тоа самата морала да преземе иницијативи. Митовски, од друга страна, рече дека ќе бара кривична одговорност и истакна дека во водата е пронајдена десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор.
„Екоцид“ не може да се докаже со земање еден литар вода од едно место. Цијанидот над дозволеното не е присутен, а за ширење паника постои кривична одговорност,“ нагласи Гиновска.
Таа додаде дека ќе ги достави сите анализи до Јавното обвинителство во Куманово, кое веќе отвори случај по пукнувањето на цевката во рудникот Тораница, во сопственост на концесионерот „Булмак“.
„Работам на зголемување на капацитетите на инспекторатот, вклучувајќи повеќе инспектори и обуки за справување со сериозни ситуации. Планираме и набавка на современи инструменти за мострирање,“ рече таа.
Гиновска истакна дека овој случај ќе има правна разрешница и дека јавноста ќе биде информирана за сите мерки што ќе ги преземе инспекторатот.
Таа призна дека инспекторите не реагирале навремено, како што алармирале екоактивистите и градоначалникот, по што иницирала испитување.
„Државните инспектори самостојно донесуваат одлука за тоа кога ќе земат мостри. Тоа е точно дека во овој случај не земале мостри, но побарав сите досегашни испитувања да бидат доставени до ОЈО Куманово, кое веќе отвори случај за овој еколошки инцидент,“ додаде Гиновска.
Таа нагласи дека резултатите од анализите покажуваат дека цијанидите во Крива Река се помалку од 2. „Прво да го добиеме официјалното вештачење, па ќе видиме дали ќе има кривична пријава за ‘Булмак’,“ рече таа.
На крајот, Гиновска укажа на тоа дека градоначалникот Митовски не ги разбрал точно резултатите и покажал поголема загриженост за својот мандат, без да побара соработка со инспекторатот.