Директорката на ФЗО поднесе оставка од човечки причини

од desk3
92 прегледи

Директорката на Фондот за здравстевно осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова,  поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

MY

– Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денес објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ – рече таа.

Парнаџиева објасни дека сите процедури за случајот на малата Тамара биле испочитувани во врска со работата на Фондот за здравство, а рече дека само чекала да стаса и обдукцискиот наод, па да ја соопшти својата одлука.