Директорот на „Белград Прајд“: Нема безбедносни закани, се надевам дека прошетката ќе помине во најдобар ред

од Nikola Popovski
13 прегледи

Патрик Лазиќ, директор и активист на манифестацијата „Белград прајд“, по повод денешната прошетка низ главниот српски град вели дека се исполнети сите безбедносни услови, нема безбедносни закани за кои знаат.и се надева дека целиот собир ќе си помине добро, исто како и лани.

Тој апелирал да се почитуваат основните безбедносни протоколи, пред се во однос на напуштањето на местото на настанот, при пристигнувањето, движењето во групи, избегнувањето на каква било провокација доколку нешто се случи.

„Оваа година одбележуваме десет години од првиот успешен Прајд во 2014 година, а барањата од тогаш не се променети. Тие првенствено се однесуваат на Законот за истополови заедници, Законот за родов идентитет, брзи и адекватни реакции на државата и полицијата при говор на омраза, злосторства од омраза и слично“, наведува тој во разговор за „N1“.

Според него, преточено во секојдневие, а во согласност со слоганот на овогодинешниот Прајд, „Гордоста е народот“, сакале да нагласат дека сите членови на ЛГБТ-заедницата растат „под некој срам“.

„А слоганот е за да се каже дека нема да се срамиме и дека гордо ќе чекориме. Така, идејата на целиот слоган е да се покаже дека тоа се луѓе кои имаат свои мали приказни, мали животи, кои се грижат за истите работи како и сите други граѓани, кои ги живеат истите проблеми на оваа земја, но згора на сето тоа, само уште малку проблеми предизвикани од хомофобијата и трансфобијата“, вели Лазиќ.

Тој додава дека ќе учествува затоа што смета дека секој треба да има право да го носи партнерот на семеен ручек, секој да има право да каже во хотел дека сака споени кревети, секој треба да има право да го посети партнерот во болницата, „и ова се некои од причините за секојдневието поради кои шетам“.

Тој вели и дека целта им е да стават до знаење дека ги има многу и на тој начин да извршат притисок државата да ги види.

Влезот на Прајд е отворен за сите граѓани и нема однапред утврден список на учесници, соопштиле организаторите.

Слични содржини