Директорот на БЈБ за апсењето на инспекторката: Поткупот не смее да биде правило, секој ќе одговара за сторениот криминал

од Milan1
388 прегледи

Поткупот не смее да биде правило, секој ќе одговара за сторениот криминал, законот е еднаков за сите. Секое противзаконито работење, ќе биде соодветно казнето, вели Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност, по лишувањето од слобода на градежната инспекторка која барала поткуп.

-Градежна инспекторка од Општина Куманово е лишена од слобода, била затекната како прима поткуп.

Кон крајот на месец септември, таа при контрола на записник констатирала отстапување од одобрение за градење, но за да на инвеститорот не му издаде решение за запирање на градбата и да не му поднесе соодветна пријава, првично побарала мито од 1.500 евра, а потоа сумата за поткуп ја покачила на 4.000 евра.

Ова е уште еден случај кој е показател дека недовосмислено се бориме против митото и корупцијата.

Секое противзаконито работење, ќе биде соодветно казнето, пишува Јанев на Фејсбук.

Слични содржини