Директорот на данското воено разузнавање: Постои ризик од саботажа против данските вооружени сили

Данската разузнавачка служба проценува дека Русија во моментов води хибридна војна против нордиската земја, како и против Западот, рече Аренкил, според Ројтерс.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Постои висок ризик од саботажа против данските вооружени сили, изјави денес директорот на данското воено разузнавање, Томас Аренкил.

Данската разузнавачка служба проценува дека Русија во моментов води хибридна војна против нордиската земја, како и против Западот, рече Аренкил, според Ројтерс.

„Ова значи дека Русија користи воени методи, вклучително и агресивни, за да изврши притисок врз нас, но без да ја премине границата во отворен вооружен конфликт“, им рече Аренкил на новинарите.