Директорот на „Фајзер“ го наведе точниот датум кога може да заврши пандемијата во САД

од Берта Китинска
2,8K прегледи

Членот на одборот на директори на „Фајзер“, д-р Скот Готлиб, изјави за CNBC дека пандемијата може да заврши до јануари.

„До 4 јануари оваа пандемија би можела да заврши. Потоа влегуваме во ендемската фаза на вирусот“, рече тој, коментирајќи пред сè за ситуацијата во САД. На тој датум, инаку, стапува на сила мерката на администрацијата на Бајден, со која сите во компаниите со најмалку 100 вработени мора да бидат вакцинирани.

Да потсетиме, Фајзер вчера објави дека неговиот лек против Ковид-19 е 89 отсто ефикасен во спречувањето на ризикот од хоспитализација и смрт, како што покажаа првите резултати од клиничките испитувања.

„Преодната анализа покажа 89 отсто намалување на ризикот од хоспитализација и смрт од ковид-19 од која било причина во споредба со плацебо, кај пациенти кои го примале лекот во првите три дена по почетокот на симптомите“, се вели во соопштението на Фајзер.

Слични содржини