Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, реши да не го критикува Новак Ѓоковиќ што не се вакцинирал и на некој начин го поддржа велејќи дека претходната инфекција со коронавирусот е заштита најмалку во следните три месеци.
„Пред се, јас сум голем фан на Новак Ѓоковиќ, но не можам да навлегувам во прашањето дали ја имал потребната документација за влез во Австралија или не. Тоа е нешто што е меѓу него и властите, како и лекарите“, изјави Бурла во интервју за „Блумберг“.
Директорот на Фајзер потоа беше прашан колку природниот имунитет штити од новата инфекција, односно колкава заштита претставува прележувањето на Ковид-19.
„Верувам дека прележаниот вирус е форма на заштита од инфекција, не само во овој случај туку и воопшто. И за неодредено време. Во многу земји низ Европа, вашиот сертификат важи шест месеци по последната доза на вакцината, а во случај на пренесен вирус само три месеци по позитивен тест. Значи, заштитата што ја добивате по природно прележаниот вирус не трае толку долго како после вакцината. Тоа е она што го кажав и за што можам да зборувам“, јасен е Алберт Бурла.