244
Генералниот директор на Фиорентина Џо Бароне е во критична состојба откако доживеа срцев удар пред натпреварот против Аталанта во Бергамо.
На Баронe му се слошило пред тимот да замине на стадионот. Играчите биле потресени и не можеле да го играт мечот бидејќи неколкумина биле присутни кога му се слошило.
Новинската агенција „АНСА“ објави дека лекарите го оживеале Бароне во хотелот пред да биде префрлен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.
Тој е во критична состојба, неговата сопруга отпатува од Фиренца, а неговите деца се очекува да пристигнат од САД.
Новиот датум за натпреварот меѓу Аталанта и Фиорентина ќе биде одреден подоцна.