Директорот на Netflix поднесе оставка

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Коосновачот на Netflix, Рид Хестингс, објави дека се повлекува од функцијата извршен директор на компанијата, оставајќи ја популарната услуга за стриминг на својот долгогодишен партнер и ко-основач Тед Сарандос и поранешниот шеф Грег Питерс.

Промената стапува во сила веднаш, кулминирајќи една деценија на планирање на сукцесијата од страна на одборот.

Сарандос и Питерс понатаму ќе ја делат титулата извршен директор.

„Изминатиот период беше огнено крштевање, со оглед на Ковид и неодамнешните предизвици во нашиот бизнис“, напиша Хестингс во изјавата со која го најави своето заминување.

„Сепак, и двајцата се претставија неверојатно добро, поради што бордот и јас веруваме дека е вистинско време тие да ме наследат“, додава Хестингс.

Netflix соопшти дека добил 7,66 милиони претплатници во четвртиот квартал, далеку над прогнозите на Волстрит од 4,57 милиони.

Глобалната база на претплатници достигна 231 милион претплатници на крајот на декември, благодарение прво на хит серијата „Среда“, а потоа и на документарниот филм за кралското семејство „Хари и Меган“.

Хејстингс го основа Netflix во 1997 година, кога компанијата главно продаваше ДВД-а по пошта.

Во 2007 година, компанијата еволуираше во сервис за стриминг кој оттогаш го потресе Холивуд, што ги поттикна ривалите да инвестираат милијарди во сопствените услуги за стриминг.

Слични содржини