Директорот на нуклеарната централа Запорожје предупредува на сценарио слично на Чернобил

Како што изјави, гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје од страна на украинските вооружени сили би можело да доведе до последици споредливи со трагедијата во Чернобил.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Еј-Би-Си Њуз

Директорот на нуклеарната централа Запорожје, Јуриј Черничук, денес предупреди на опасноста од сценарио слично на Чернобил во случај на напад врз централата.

„Во историјата на нуклеарната енергија имало две сериозни несреќи – во 1986 година во нуклеарната централа Чернобил и во 2011 година во Фукушима. Доколку се продолжи, во најлош случај, би можело да се доведеме до слични последици“, рече Черничук, пренесува РИА Новости.

Како што изјави, гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје од страна на украинските вооружени сили би можело да доведе до последици споредливи со трагедијата во Чернобил.