Директорот на руската истрага повика за контрола врз медиумите и НВО- за се што збори против власта…

од desk3
138 прегледи

Директорот на главната истражна служба во Русија Александар Бастрикин вели дека треба да има поголема контрола врз медиумите и невладините организации, пренесе Франс прес. Бастрикин смета дека во Русија треба да се земе за инспирација кинескиот модел, за да се справи со ширењето на екстремизмот и со обидите на Западот за дестабилизирање.

3f0132bffffdc6ba7ee6ea52ffc5b362

Директорот на рускиот Истражен комитет ги повика да бидат криминализарани обидите за фалсификување на руската историја, вклучувајќи да се казнат оние кои не ги признаваат резултатите од референдумот, со кој во март 2014 година Русија го анектира украинскиот Кримскиот полуостров.

“Време е да ставиме добра преграда за новинската војна”, предводена од Западот, изјави Бастрикин во интервју за списанието “Власт” и го обвини Вашингтон и неговите сојузници дека се обидуваат да шират екстремизам во Русија.

Три сценарија за кратење на грчкиот долг

Бастрикин предложи да се направат детални проверки на сите невладини организации кои развиваат верска, етничка и културна дејност, како и младински организации осомничени за екстремистички активности.

Тој ги повика руските власти да ја земат за пример Кина, која забрани во март странските компании да се рекламираат онлајн, за да го одвраќа западното влијание во земјата.

20160418.epdkenvapp
Во меѓувреме организацијата на Михаил Ходорковски “Отворена Русија” може да влезе во забранетата листа на организации чија дејност е непристојна во Русија. Ова го изјави првиот заменик-претседател на Комитетот на Советот на федерацијата за одбрана и безбедност Евгениј Серебреников, соопштува РИА “Новости” .Серебреников ја дал оваа изјава по завршувањето на дискусиите на заедничка седница на ресорните министерства на Советот на федерацијата, поврзани со забранетата листа .

Во јули 2015 година, Советот на федерацијата се обрати со молба до генералниот обвинител Јуриј Галеб, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за правда Александар Коновалов да бидат земени дополнителни контрамерки на “антируски активности на странски и меѓународни невладини организации”.

Кон ова обраќање беше спроведена и листа, во кој фигурираат 12 организации. Според советот нивната активност е непристоејнана територијата на Руската Федерација, а една од нив е “Отворена Русија” на Михаил Ходорковски.