Директорот на Шахтјор за трансферот на Мудрик: Не купуваш Ферари ако не знаеш да го возиш

од Milan1
11 прегледи

Директорот на Шахтјор Доњецк, Сергеј Палкин, човекот кој ги ангажираше речиси сите најдобри играчи кои украинскиот клуб ги донесе во последните 20 години, сликовито објасни како Челзи не знае како да го искористи Михаило Мудрик (23) на вистински начин Потенцира дека не се работи за „трансфер измама“.

Да потсетиме, „сините“ за младиот крилен напаѓач во јануари минатата година платија дури 70.000.000 евра, со уште 30.000.000 во вид на бонуси.

„Тоа беше најголемата зделка во историјата на украинскиот фудбал, без сомнение. Дали беше измама? Не, се разбира дека не. Станува збор за фактот дека не ви треба „Ферари“ ако не знаете да го возите,“ изјави Палкин.

„Луѓето во Челзи требаше да размислат како ќе го користат Мудрик пред да одлучат да го купат. Сигурен сум дека момчето ќе покаже квалитет ако добие шанса. Тој е играч кој прави разлика и тоа се покажува со неговите настапи во националниот дрес многу малку играчи во светот го имаат тој квалитет“.

Мудрик оваа сезона на теренот мина само 425 минути и забележа три асистенции. Откако пристигна на „Стемфорд Бриџ“, 23-годишниот Украинец одигра 66 натпревари, постигна седум и забележа исто толку асистенции.

Слични содржини