Директорот на српската полиција за Беливук: Ќе продолжиме со апсењата на вмешаните полицајци

од Nikola Popovski
285 прегледи

Директорот на полицијата Владимир Ребиќ бил гостин вечерва на ТВ Вести и по тој повод зборувал за апсењето на Вељко Беливук, членовите на неговата криминална група, но и лицата кои се во контакт со неа.

Ребиќ посочил дека полицијата во последно време е под лупа на јавноста, но и дека претходно имала толку успешни активности.

„Ја работиме својата, ова е само повисоко ниво на кое успеавме да докажеме одредени криминални активности на оваа криминална група. Последниот месец сме повеќе во фокусот на медиумите, што не значи дека порано немало работа. Сега се созреани околностите оваа криминална група да биде разоткриена, а на нас е да продолжиме дали има други луѓе и од кога имаат поддршка“, рекол Ребиќ.

Потоа се осврна на апсењето на Горан Папиќ, поранешниот заменик-шеф на СБПОК, кој е осомничен за трговија со влијание. Тој посочил дека ова не е крај на апсењето на лица од полицијата.

„Да бидам искрен, немав директен контакт со него. Тој е три нивоа под мене и не ме информираа за неговите активности. Подоцна, кога се појави тоа видео со луксузно возило, стана сомнително како полицаец со плата од 100 илјади динари управувал со ваков автомобил. Колку што знам, возилото не се води на негово име. Верувам дека ова не е крај на апсењето на луѓе од полицијата“, рекол тој.

Слични содржини