232
Соединетите Американски Држави проценуваат дека руските жртви во Украина досега достигнале околу 15.000 убиени и можеби 45.000 ранети војници, изјави директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, додавајќи дека Украина, исто така, претрпе значителни жртви.
„Последните проценки на американската разузнавачка заедница би биле нешто блиску до 15.000 убиени руски сили и можеби трипати повеќе повредени. Значи, прилично значителни загуби“, рече Барнс.
Тој зборуваше и за се поголемиот број непотврдени медиумски шпекулации дека рускиот претседател Владимир Путин е нестабилен или со лоша здравствена состојба и нагласи дека нема разузнавачки информации кои можат да го потврдат тоа, пренесува „Ројтерс“.