Во врска со повеќекратните убиства во Цетиње, директорот на Црногорската полициска управа Зоран Брѓанин вечерва соопшти дека денеска е трагичен ден не само за Цетиње, туку и за цела Црна Гора.
„Човечките животи се највредни и незаменливи и денеска изгубивме 11 граѓани, меѓу кои и две деца“, рече тој.
Тој изјави дека според засега познатите околности, денеска околу 15 часот и 30 минути, триесет и четиригодишниот Вук Бориловиќ од Цетиње пукал во семејството чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како станари во населбата Медовина.
„Тој, во таа прилика, со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца, едното на возраст од осум, а другото единаесет и ја ранило нивната мајка, која им подлегнала на повредите во медицинска установа.
Според очевидци, напаѓачот се јавил на сопругата на убиениот и му кажал што направил.
„Потоа излегол и со истото огнено оружје пукал кон жителите на оваа населба, при што им ги одзел животите на уште седум лица, а ранил шест“, изјави Брѓанин.
По повик на граѓани, на местото на настанот се испратени полициски службеници, при што во размената на оган еден полицаец е тешко повреден, додаде тој.
Брѓанин рече и дека засега не е јасно што го поттикнало Вук Бориловиќ да направи ваков грозоморен чин, по што и самиот бил лишен од животот.
Нагласувам дека се уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и одземањето на животот на Вук Бориловиќ, а за сите детали јавноста ќе биде информирана преку медиумите“, заклучи тој.