Директорот на Volkswagen смета дека електричните автомобили сега се технолошки супериорни

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Електричната мобилност ќе биде главна тема со години, се зборува за тоа дали ќе успее, за падот на продажбата на електрични автомобили, за кинеската закана… Сега извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме, ја коментираше актуелната проблематична ситуација со електричните автомобили.

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), Блуме објасни дека преминот кон електрични автомобили ќе трае подолго отколку што се претпоставуваше пред неколку години.

И покрај тоа, сепак јасно се потпира на електромобилноста, пишува „ХАК“. Досега, од негова гледна точка, технолошките и еколошки свесни купувачи треба да возат електрични автомобили.

– Тие ги гледаат предностите, бидејќи електричните автомобили сега се технички супериорни, истакна тој.

Сега, според Блуме, мора да се убеди широката маса на возачи. Тој тврди дека VW работи на тоа до 2035 година во Европа да се продаваат само електрични возила.

Ќе видиме што ќе се случи на крајот. Засега се крена голема врева во јавноста и навистина е тешко да се процени како ќе се одвива оваа игра.

Слични содржини