Disney+ од лето и во С.Македонија

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Disney+ стриминг платформа за филмови и серии Disney, Pixar, Marvel итн., според информациите објавени во американските медиуми, летово ќе дојдат во Северна Македонија, а „лансирањето“ потврдено е во вкупно 42 земји, на 11 нови територии во Европа и Африка и Блискиот Исток.

Disney+ нуди стриминг без реклами со постојано растечка колекција на ексклузивни оригинални содржини, вклучувајќи играни филмови, документарни филмови, акциони и анимирани серии, како и пократки формати, се вели во соопштението на Комуникациската лабораторија, независна регионална агенција за односи со јавноста, цитирана од „Хина“.

Покрај пристапот до долгата историја на Disney на неверојатни филмски и телевизиски наслови, додаваат тие, Disney+ е исто така ексклузивна платформа за проследување на најновите изданија од студиото Walt Disney.

Преку новиот бренд за забавна содржина „Star“, Disney+ ги нуди најновите изданија на 20th CenturyStudios, Disney Television Studios, FX, Searchlight Pictures и многу повеќе.

Освен во Северна Македонија, Disney+ од летото пристигнува и во други земји во регионот: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија, како и во Косово.

Според американските медиуми, цената на месечната претплата на новите пазари се уште не е објавена.

Слични содржини