Во средата (10-ти август) и онака лошите односи меѓу Русија и Украина се влошија уште повеќе: Москва го обвини Киев за подготовка на терористички напади на територијата на Крим. Украинските диверзанти, како што тврдат од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), се членови на важечкиот состав на украинските тајни служби. Биле поделени во две групи и се обидоа да навлезат во Крим со рачноизработени бомби, муниција, гранати, мини и оружје. Диверзантите се приведени, а при сослушувањата од ФСБ разбрале дека на полуостровот дејствува цела агентурна мрежа. Во судирите загинаа двајца руски офицери.

Активностите на Украина се “многу опасна игра” и Русија нема да ги затвори очите за “слични работи”, вети рускиот претседател Владимир Путин и ги утврди активностите на украинските власти како “практика на теророт”. Тој додаде дека во моментов не гледа смисла од спроведувањето на средби за решавање на југоисточниот конфликт во Донбас во “нормандскиот формат” (слична средба е планирана за септември во Кина).
Највисокото раководство на Украина целосно негира дека е поврзано со приведените терористи и го одредува инцидентот како “фантазија” и повод “за уште една воена закана по адреса на Украина” .Украинската верзија е дека руските војници стрелале по вработените на граничните служби на ФСБ на Русија. Киев има намера да свика седница на Советот за безбедност на ОН. “Не можеме едноставно да се кренеме и да почнеме да бомбардираме по Украина”
Патем, од ФСБ тврдат дека приведените (државјани на Русија и Украина) веќе даваат признанија. Познато е дека целта им биле туристички објекти – тие носеле со себе експлозивни материјали со моќност 40 кг во тротилов еквивалент. Само што, како што тврдат диверзантите, немале намера да ги активира меѓу луѓето, туку само да приредат серија експлозии во различни точки на одморалиштата за да предизвикаат паника и да го “убијат туризмот”.
Додека едната група навлегла во руско-украинската граница со автомобили на украинските вооружени сили, другата поминала по алтернативен пат и требало да ги остави експлозивите во однапред подготвено складиште.
Каков точно ќе биде одговорот на Русија на овој инцидент ќе зависи од Украина, сметаат експертите со кои разговараше “Руски дневник”. “Не можеме поради тоа што една група разузнавачи се обидела да навлезат (во Крим), да почнеме да заземаме и напаѓаме воени објекти во Украина. Тоа е спротивно на меѓународното право “, смета заменик-претседателот на Комисијата за одбрана во Советот на федерацијата Франц Клинцевич. Но слична моќа операција е веројатна ако Украина продолжи со провокациите во истиот дух, смета заменик-директорот на Институтот за политички и воени анализи Александар Храмчихин.
За момент Москва ќе се ограничи со дипломатски мерки – остри предупредувања – и оперативни настани во линијата на тајни служби во внатрешноста на земјата. Според информација на весникот “Комерсант”, во северниот дел на Крим веќе е сместена дополнителна техника и војска.
“Да вратиме на тоа е нездраво комплицирано. Никогаш ниту една земја во светот нема да признае дека испраќа диверзиони групи. И сега главното е да не се дава повод Русија да биде обвинувана за агресија против Украина. Ниту еден руски проектил не смее да биде истрелан кон украинската територија “, смета заменик-деканот на Факултетот за светска економија и политичка анлиза- Андреј Суздалцев.
Се е поради Донбас?
Дел од експертите гледаат во случувањата не само провокација, туку планиран “голем” план од страна на Украина.
“Тука не станува збор за Крим; станува збор за Донбас “, смета Суздалцев. Крим е посебна територија и токму борбата за бунвниот Исток ја тера Украина да дејствува на тој начин “.
Киев бара можности да ги влоши односите со Русија, за да се откаже од извршувањето на договорите “Минск 2”, а потоа да ја обвини Москва за агресивни намери, изјави за РБК блискиот до Кремљ раководител на Центарот за политичка конјуктура Алексеј Чеснаков. Според Суздалцев, на украинското раководство му требаат успеси пред изборите – како на пример враќање на Донбас во пазувите на Украина, а со Русија зад грбот на Донбас тоа е невозможно.
Во исто време е точно дека Украина сама се стави во тешка положба. Од ФСБ раскажаа што се случило во Крим неколку дена по инцидентот, во кои собираа докази. Оттаму го посочуваат за лидер на диверзантите уапсениот 39-годишен Евгениј Панов, кадровски соработник на Главното разузнавачка агенција во украинското Министерство за одбрана. “Имаме два трупа. Тие беа убиени од Украинците на руска територија. Ова е многу сериозно “, потсетува Суздалцев. Во слична очигледна ситуација, во присуство на записи на распитите, Советот за безбедност на ОН нема да ризикува уникатно да го поддржи Порошенко, смета Клинцевич.