Италијанско – британскиот бренд за машка облека „ЏорданЛука“ (JordanLuca) креираше пар фармерки наречени Stain Stonewash со темна дамка во пределот на меѓуножјето. Фармерките го направија своето деби на модната недела во Милано и брзо станаа вирален хит, а многумина ги опишуваа како „измочани фармерки“.
View this post on Instagram
Имено, стратешки поставениот потемен дел од фармерките многу потсетува на непријатниот момент, но се чини дека тоа само ја зголеми нивната популарност бидејќи тие се веќе распродадени на веб-страницата на брендот. Ни помалку ни повеќе чинат 750 евра, а со снижување продажба 567. И доаѓаат во две бои на тексас.
Како што беше посочено од New York Post, „помочаните фармерки“ го имаа своето официјално деби на ревијата на колекцијата есен/зима 2023 година за време на Миланската модна недела.