Дизајнерските очила за 2016

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Еден од најдобрите начини да го збогатите изгледот е на класичната силуета да додадете нов додаток.9dfab6d2b1f566f48a0698fccd946329

Асиметрија, бои, ефекти и различни форми се на располагање, за да одговорат на желбите, потребите и личниот стил.

Кога температурите ги достигнуваат горните вредности на термометар, обично се вртиме кон сончевите очила за создавање на стилски акцент.

Модата, од своја страна, се грижи за сите барања на различните клиенти. Она што реално ни треба е резиме. Од Saks Fifth Avenue го знаат тоа и ни обезбедуваат еден своевиден водич кон тековните трендови и најмодерни нивни претставници меѓу портфолиото и колекциите на познатите модни куќи.

Кадрите кон “Sunset BLVD” се фокусираат на предлозите за пролет-лето 2016 на Dolce & Gabbana , минуваат низ Gucci , за да стигнат до Dior.

Во нашата галерија можете да најдете по нешто за сечиј вкус и да се ориентирате кој е вистинскиот и најсоодветен додаток за вас оваа сезона.