Дизни се откажа од анимираниот лик: Денеска, не е прикладен

426 прегледи

Филмот на Дизни од 1998 година базиран на кинеската легенда за Хуа Мулан ја освои публиката, но и номинација за Оскар и две за Златен глобус. Во крајот на 20 век, филмот беше голем хит, а играниот римејк, за кој се зборува со години, премиерата ќе ја има на крајот на март.

Во филмот, Мулан се маскира во маж и ја презема контролата над војската на својот татко. Покрај „Похаконтас“, тоа беше еден од анимираните филмови кои направија преокрет во Дизни светот, а на женските ликови им ги дадоа сите оние квалитети кои порано биле предвидени, исклучително за машките ликови.

Во тој дух, но и поради #MeToo движењето кое во последните години го раздрма Холивуд, продукцијата се откажа од еден многу важен лик, Ли Шанг.

– Немаше да се чувствуваме пријатно во 2020 година со таква работа и поделба на улогите. Ли Шанг не е лик кој ни одговара, па затоа го заменивме и внесовме две нови улоги. Еден ќе биде воен заповедник и ментор на Мулан, а вториот нејзиниот романтичен интерес – појаснил продуцентот Џејсон Рид.

За потсетување, од 2017 година до денес, повеќе од 80 жени го обвинија Вајнштајн за сексуално малтретирање, што го иницираше движењето #MeToo во кое жените ги изнесуваат своите јавни обвиненија против моќните луѓе во бизнис светот, како и во светот на политиката и забавата.

Слични содржини