Џафери – Одобеску: Романија го поддржува европскиот пат на Македонија, но важно е да се направат и потребните реформи

од Radmila Tasevska
295 прегледи

Романија го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија, но важно е да се направат и потребните реформи, истакна романската министерка за надворешни работи Луминица Одобеску на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Одобеску, која е во работна посета на државата, посочи дека реформите биле предизвик и во повеќето земји членки на Унијата, вклучително и за Романија.

– Таа укажа на важноста за продолжување на билатералната соработка на двете земји со ист интензитет и за продлабочување на соработката од економски аспект. Министерката Одобеску стави акцент на заемното поддржувањето на земјите од Источен и Западен Балкан во однос на проширувањето а се осврна и на последните безбедносни случувања во светот како што е војната во Украина и ситуацијата во појасот Газа, известуваат од Собранието.

Претседателот Џафери изрази особено задоволство од оваа можност за средба со претставник на Романија, држава со која, како што рече, континуирано градиме пријателски билатерални односи.

– Претседателот Џафери истакна дека севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Романија се карактеризираат со висок степен на пријателство, со конструктивен и отворен политички дијалог заснован врз партнерски однос и заемно почитување. Во однос на процесот на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, тој информираше дека е во тек завршувањето на фазата на скрининг и дека е започната парламентарна постапка за менување на Уставот на земјата за што е потребно да се обезбеди двотретинско мнозинство за гласање, соопштуваат од Собранието.

Двајцата соговорници се согласија дека интензивирањето на парламентарната соработка со фокус на соработката во однос на европските прашања е многу важна.

Слични содржини