Џафери-Рено-Басо: Повеќедецениската соработка меѓу Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој е од големо значење

од Radmila Tasevska
363 прегледи
На маргините на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, премиерот Џафери оствари билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо.

На средбата, соговорниците изразија меѓусебно задоволство за повеќедецениската соработка и поддршка која Северна Македонија ја добива од Европската банка за обнова и развој.

Претседателката Рено-Басо му го честиташе изборот на премиерот Џафери и изрази очекување дека одличната соработка на ЕБОР со Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи и во иднина под негово водство.

Воедно, изрази благодарност за брзото заокружување на процесот на ратификација  на амандманите на Договорот за основање на Банката, истакнувајќи ја Северна Македонија како најефикасна земја на тој план, што од ЕБОР високо се цени.
Премиерот Џафери истакна дека, Владата на Република Северна Македонија особено ја цени поддршката на ЕБОР, како во јавниот сектор, така и онаа за развој нa приватниот сектор и домашното стопанство. Воедно, ја потврди целосната посветеност на Владата на имплементација на тековното портфолио на проекти, како и на подготовка на идни проекти кои би се финансирале од банката.
Воедно, премиерот Џафери ја акцентираше значајноста и видливоста на поддршката на ЕБОР во транспортниот сектор преку која Владата обезбедува подобри услови за граѓаните во патниот и железничкиот сообраќај.

На средбата, соговорниците разговараа и за исклучително значајната поддршка во полето на животната средина преку Регионалниот проект за цврст отпад, како и за изградбата на Пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Во истата област се вклучени и проектите за забрзана транзиција од јаглен, како и проектот за регионална гасификација.

Во тој контекст, премиерот Џафери искажа лична благодарност, затоа што тоа  претставува значаен и активен двигател на современите реформски процеси и програмски определби, преку обезбедување на силна финансиска и советодавна поддршка во сите области, обезбедувајќи просперитет на граѓаните на Република Северна Македонија.

Слични содржини