Џастин Бибер ги демантираше гласините дека тој и неговата сопруга Хејли се разведуваат. Уметникот објави серија фотографии од нивниот одмор во Аспен, Колорадо, на кои двајцата изгледаат позаљубено од кога било.
На Instagram Story, тој ја постави својата сакана, која ја опиша како: „Најголемата жена што ја познавам“.
Сите овие фотографии доаѓаат веднаш по гласините дека двајцата се пред развод. Околу Нова година, обожавателите на парот почнаа да шпекулираат дека Хејли и Џастин се разделени. Причината за ова било тоа што Џастин го отследил таткото на неговата сопруга на социјалните мрежи.
Најмногу гласини кружат на платформата Редит, каде фановите, се на мислење дека тој сака да се врати на ергенскиот начин на живот.
Сепак, од неодамнешните објави на двајцата инфлуенсери, јасно се гледа дека се што се врти во медиумите е лага и нивната врска цвета.
Хејли и Џастин се венчаа пред шест години, откако долго време се забавуваа, а неодамна му посакаа добредојде на својот првороден син Џек.