Пејачот Џастин Бибер искрено призна дека се бори со проблеми со гневот и дека не се чувствува добро во одредени случаи. Имено, тој на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии и видео како свири со својот бенд.
„Имам проблеми со гневот, но сакам да растам и да не реагирам импулсивно“, напишал Бибер.
View this post on Instagram
Овие најави доаѓаат во време на голема загриженост за неговото ментално и физичко здравје, иако Бибер беше пофален од многу обожаватели за неговата искреност и отвореност. Пејачот објави и видео на кое свири со бендот, со следниот опис „Понекогаш се мразам себеси кога се чувствувам како да станувам неавтентичен. Се сеќавам дека сите се обидуваа да не убедат дека не сме доволно добри, но сепак мразам кога се менувам само за да им угодам на другите“, додал тој.
View this post on Instagram
На почетокот на овој месец, Бибер на Инстаграм призна дека секогаш се чувствува недостоен и покрај љубовта и поддршката од неговите обожаватели.
Само седум дена претходно тој ја сподели пораката: „Немаме што да докажуваме, денес имаме само дарот на животот да го прифатиме и да уживаме. Никој не ни должи ништо, и никому не должиме ништо“.
Неговиот портпарол претходно ги негираше гласините за неговата наводна употреба на дрога, нарекувајќи ги таквите обвинувања „штетни“. И покрај загриженоста на неговите обожаватели, Бибер во петокот бил виден со својата сопруга Хејли Бибер во добро расположение.