Милиони обожаватели едвај чекаат да земат копија од мемоарите на Бритни Спирс кога книгата, насловена „Жената во мене“, ќе биде објавена овој октомври.
Сепак, Џастин Тимберлејк и Колин Фарел нема да бидат меѓу најсреќните луѓе на планетата, откако медиумите дознаа дека за двете јавни личности некогаш тесно поврзани со принцезата на поп музиката има неколку поглавја во книгата.
Според американските медиуми, пејачот Џастин Тимберлејк и актерот Колин Фарел, двајцата романтично поврзани со Бритни во раните години од нејзината кариера, предизвикале четиримесечно одложување на објавувањето поради приказните за нив кои тие сакале да ги извадат од книгата, а кои Бритни сакала да ги објави во првата верзија.
Адвокатите кои ги застапуваат двете ѕвезди се заканија дека ќе тужат доколку пејачката не ги отстрани интимните детали од животот на нивните клиенти. Џастин беше во врска со Бритни од 1999 до 2002 година и до ден денес останува една од најнезаборавните врски во светот на американскиот шоубиз, а тие се запознаа на снимањето на The Mickey Mouse Club во 1992 година.
Медиумите објавија дека Колин е во врска со Бритни од 2003 година, откако папараците неколку пати ги фотографирале, но тој негираше дека некогаш биле пар.
„Адвокатите бараа однапред да ја видат нејзината книга и беа категорични некои од откритијата да бидат отстранети. Сè уште има многу возбудливи приказни, но Џастин и Колин беа свесни што може да се каже за нив. Правниот процес значеше дека објавувањето беше одложено за четири месеци, додека дискусиите одеа напред – назад за тоа што би можело да биде вклучено во мемоарите. Но, тоа сега конечно е решено и нејзината автобиографија е подготвена“, изјави извор за The Sun.