Џеф Безос и Лорен Санчез ќе одржат „скромна“ венчавка во Венеција вредна околу 12 милиони евра

од Марта Пешевска
47 прегледи

Џеф Безос и Лорен Санчез се подготвуваат за својата свадбена церемонија во Венеција, која ќе се одржи кон крајот на јуни. Иако двојката ја нарекува „скромна“, цената на настанот изнесува импресивни 12 милиони евра. Наместо голема гламурозна прослава, без многу гости, тие избраа интимно собирање со помалку од 200 луѓе.

Свадбената церемонија ќе се одржи во приватниот манастирски комплекс Фондација Чини, на островот Сан Џорџо Маџоре, што гарантира целосна приватност и безбедност. Џеф Безос и неговата сопруга, заедно со семејствата, ќе престојуваат на луксузната јахта „Кору“, која е закотвена во близина на центарот на Венеција. Останатите гости ќе бидат сместени во ексклузивните хотели „Ципријани“ и „Аман Канал Гранде“.

Познатите гости, како Орландо Блум и Кети Пери, веќе ја потврдиле својата присутност. Поканите биле испратени на дискретен начин, без хартија или електронска пошта, со цел да се избегне непотребно внимание. Причината за оваа „скромност“ е делумно поврзана со негативните реакции кон неодамнешниот лет на вселенската ракета „Блу Ориџин“, каде Лорен Санчез беше дел од екипажот.

Јавноста ја критикуваше оваа мисија како маркетинг трик, па двојката сега сака да избегне слика на претерана гламурозна прослава. Сепак, не сите жители на Венеција ја поздравуваат венчавката. Некои активисти веќе најавуваат протести, предупредувајќи дека Венеција не треба да се претвори во место за елитни забави.

„Венеција не е место за богати забави“, изјави локалниот активист Руџеро Талон, нагласувајќи дека градот треба да остане достапен и за обичните луѓе, а не само за богатите.

Па така, иако свадбата на Безос и Санчез ќе биде поинаква од претходните импресивни настани на милијардерот, таа сепак ќе биде луксузна, приватна и подготвена да привлече внимание на светската сцена.

Слични содржини