Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс направи меѓународен скандал со тоа што во интервју изјави дека „Америка позајмува пари од кинески селани“.
Во изјавата за „Фокс њуз“, Венс се обиде да ја одбрани политиката на својот претпоставен, американскиот претседател Доналд Трамп, во контекст на царините.
„Позајмуваме пари од кинеските земјоделци за да ги купиме работите што ги прават“, рече Венс.
Овие коментари, според портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, предизвикале „тага и незадоволство“ на кинеските верзии на социјалните мрежи.
Тој истакна и неколку коментари од социјалните мрежи во Кина, а особено го истакна фактот дека Венс се прославил со книгата „Хилбили елегија“, која зборува за растењето во посиромашниот дел на Америка.
Други коментари ги повикаа кинеските власти да му забранат на Венс да влезе во земјата, а неговите коментари ги нарекоа „срамни“.